„Се надеваме дека ќе успееме да најдеме решение, бидејќи во спротивно ќе ј почнеме следната фаза од планот за намалување на обврските на Иран кон нуклеарниот договор постигнат во 2015 година во Виена“, изјави вчера заменик министерот за надворешни работи Абас Арагчи.
Иран веќе е блиску до преминување на границата за произведување на збогатен ураниум, а американските медиуми соопштуваат дека тие исто така пробуваат да ги заобиколат американските санкции за да можат да ја остварат ветената економска помош од европските партнери.