Коѕијас : Со Скопје договоривме заедничка комисија која ќе го отстранува иредентизмот од учебниците

Facebook
Twitter
Email
Print

Треба да се почекаат изборите во октомври и да се види дали новата Влада во Скопје ќе ја зацврсти својата позиција за да можеме да влеземе во посериозни преговори за решавање на прашањето за името, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за националната телевизија ЕРТ.

 

„Проблемот со името крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат превземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја Никола Димитров, со кого се договоривме во ноември да оформиме комисија која треба да ја заврши работата за 4 месеци. Комисијата ќе ги разгледува училишните учебници за да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии“, истакна Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Грција.

 

Прашан дали е можно приклучување на Македонија во НАТО и во ЕУ без решавање на прашањето за името, Коѕијас нагласува дека е неопходно прво да се затвори ова прашање како што е предвидено и со Привремената спогодба потпишана во средината на 90 години.

 

„Нашата соседна, и нагласувам пријателска земја, бидејќи нашите народи имаат многу пријателски односи, не може да се приклучи во меѓународните организации како што се НАТО и ЕУ без да се реши прашањето за името, што е предвидено и со Привремената спогодба. Недостатокот на Времената спогодба беше тоа што предвидуваше спорот за името да биде брзо решено што би и овозможило на соседната земја да се приклучи во меѓународните организации, но не предвидуваше кои мерки да бидат преземени ако не се најде решение. Всушност, во изминатите децении немавме суштински преговори“, додава во интервјуто за ЕРТ Коѕијас.

 

На новинарско прашање дали предлогот на Атина за решавање на проблемот е името „Вардарска Македонија“, Коѕијас вели дека од грчка страна не се дадени никакви предлози.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи