Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека просечната плата во земјава ќе достигне до 30.000 денари до крајот на 2020 година и оти тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финасирани од државата.
„Просечната нето плата во државата за мај 2019 година е 25,270 денари и е највисока досега. Ако имаме предвид дека е зголемена за 3,1 отсто во спредба со истиот месец лани и со тенденцијата која веќе ја имаме очекувам до крајот на мандатот на Владата што исекува на крајот на 2020 година да биде постигната просечна плата од 30.000 денари како што и ветивме“, изјави Анѓушев.
Тој истакна дека Владата ќе продолжи да го стимулира стопанството да ги зболемува платите за да работниците да бидат задоволни и со тоа да го реши проблемот на заминувањето на луѓето од државата, зашто, како што рече, токму за тоа е пресудна платата.