Видео – Талевски: Гоце Ингилизов, со непаричен влог од 5.000 евра станал еден од газдите на ФК „Победа“

“Долгата раката на ВМРО“ замешала прсти и во спортот, и тоа не било каде, туку во брендот на Прилеп и на прилепчани, ФК „Победа“. Обемната документација од Централниот регистер ги покажува сите промени на сопственичката структура и финансиската состојба во фудбалскиот клуб во периодот од 2010 година до денес. Добиените податоци се фрапантни. Она што е посебно интересно, е дека претседателот на ФК „Победа“ и кум на градоначалникот Марјан Ристески, Гоце Ингилизов, станал сопственик на 20% од акциите на фудбалскиот клуб со непаричен влог од 5.000 евра.

 

Пресконференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

 

Почитувани граѓани на Општина Прилеп,

“Долгата раката на ВМРО“ замешала прсти и во спортот, и тоа не било каде, туку во брендот на Прилеп и на прилепчани, ФК „Победа“.

Обемната документација од Централниот регистер ги покажува сите промени на сопственичката структура и финансиската состојба во фудбалскиот клуб во периодот од 2010 година до денес. Добиените податоци се фрапантни.

Она што е посебно интересно, е дека претседателот на ФК „Победа“ и кум на
градоначалникот Марјан Ристески, Гоце Ингилизов, станал сопственик на 20% од акциите
на фудбалскиот клуб со непаричен влог од 5.000 евра.

Или конкретно, според Извештајот за проценка на основачкиот влог на „Победа“, Гоце Ингилизов станал газда на „Победа“ со тоа што донирал топлотна пумпа – воздух, марка АЕРМЕК, чија проценета вредност изнесува 307.500,00 денари.

За да не помислите дека станува збор за грешка, ќе повторам уште еднаш: Гоце Ингилизов, кумот на Марјан Ристески, станал газда на спортската гордост на прилепчани
донирајќи една обична топлотна пумпа!

 

Кога станува збор за високите суми кои Општина Прилеп наводно ги префрлаше на сметка на ФК „Победа“, а со кои Марјан Ристески наголемо се фалеше, се поставува
прашањето на која сметка градоначалникот ги префрлал парите?

Финансиските извештаи за фудбалскиот клуб за 2015 и 2016 година не покажуваат никаков приход од страна на Општина Прилеп, што значи дека општината не префрлила
ниту денар на ФК „Победа“.

Особено што во овој момент во Централниот регистер постојат два фудбалски клуба со име „Победа“. Едниот е ФК „Победа“ основан во 1992 година како Здружение на граѓани, а другиот ФК „Победа“ АД Прилеп, кој првично бил регистриран во 2010 година како „Викторија 2010“ ДООЕЛ, за да во меѓувреме повеќе пати го смени името пред да го носи денешното.

Исто така, кога веќе Општина Прилеп во повеќе наврати на ФК „Победа“ и’ префрлила значителни парични средства, 100.000 евра како што сами изјавуваат, тогаш зошто градоначалникот Ристески не иницирал постапка со која Општината би станала акционер во фудбалскиот клуб, како што е тоа пример со Општина Битола и ФК „Пелистер“? Марјан Ристески, треба да одговори на кој начин неговиот најблизок соработник, раководителот на Секторот за финансирање и буџет Драге Ѕвездакоски станал независен член на Одборот на директори на ФК „Победа“ АД Прилеп? Не е ли тоа, конфликт на интереси?

 

Почитувани прилепчани, ова е се само мал дел од приказната за игрите со името и угледот на најпрепознатливиот спортски бренд на Прилеп, кои ги правеле актуелниот директор на ФК „Победа“ Гоце Ингилизов и неколкумина негови фамилијарно-партиски помагатели.

Во спортот нема место за политика. Улогата на градоначалникот е да ги помага спортот и спортистките клубови, а не да управува со нив.

 

Идниот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски, ќе го покаже токму тоа“, носителот на советничка листа на СДСМ, Миле Талевски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи