СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за младите

Најстрашниот проект на Марјан Ристески за младите во Прилеп е егзодусот во странство на секој млад човек што не се согласува со криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува СДСМ. Ние, го запираме таквиот процес! Го враќаме животот за сите млади во Прилеп преку серија на мерки, стои во нивното соопштение.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

 

„После 12 години криминал и корупција на локалната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ, младите изгубија секаква надеж за нивната иднина.

ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за младите, затоа што после 12 години партиски режим и поделба на младите на подобни и неподобни, Прилеп остана без развој, без прогрес, без перспектива и без најголемиот ресурс за иднината – младите.

Најстрашниот проект на Марјан Ристески за младите во Прилеп, е егзодусот во странство на секој млад човек што не се согласува со криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние, го запираме таквиот процес! Го враќаме животот за сите млади во Прилеп преку серија на мерки. Воведуваме „младинска гаранција“ и ги помагаме младите со по 10.000 евра директна финансиска помош од државата за секој млад човек којшто сака да започне свој бизнис.

Воведуваме и субвенции од Локалната самоуправа за креативните млади да ги реализираат во пракса сопствените идеи.

Отвораме младински технички центар (МТЦ) за промоција на техничките вештини на младите и нивно воведување и приближување кон техничките науки и вештини.

Во Прилеп ќе има силна младина. Ќе има живот за сите!“, стои во соопштението на СДСМ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи