Четвртина од светската популација се соочува со екстремно висок недостаток на вода, покажуваат најновите податоци објавени од Светскиот институт за ресурси (WRI).
„Никој не зборува за оваа криза“, рече д-р Ендру Стир, претседател и извршен директор на институтот.
Последиците од оваа криза, истакнува тој, се јасно видливи во вид на недостаток на храна, конфликт и миграција, как и финансиска нестабилност.
Поголемиот дел од јужна Европа спаѓа во оваа категорија, при што некои градови и региони се соочуваат со уште подлабока криза.
„Катар, Израел, Индија, Пакистан и Иран се меѓу најпогодените земји, искористувајќи во просек 80% од достапните водни ресурси секоја година. Под овие околности, „дури и малите суши – кои се засилуваат како резултат на климатските промени – можат да предизвикаат сериозни последици“, предупредува институтот во изјавата.
Сан Марино е единствената земја во Европа која се соочува со екстремно висок недостаток на вода. Кипар, Грција, Шпанија, Португалија, Италија – па дури и дождливата Белгија – беа рангирани меѓу 44-те земји кои исто така се погодени од овој проблем, што значи дека во просек искористуваат повеќе од 40% од достапните водни ресурси секоја година.
„Ваквиот тесен јаз помеѓу понудата и побарувачката ги прави земјите ранливи на флуктуации како суши или зголемено повлекување на вода, поради што гледаме сè повеќе заедници кои се соочуваат со најразлични кризи“, истакнуваат од институтот.