Општина Прилеп : На споменикот на Александар Македонски согласно Преспанскиот договор ќе се постави информативна табла

По шахтите, одредбите од Преспанскиот договор се применија и за спомениците во центарот на Скопје на најмаркантните личности од историјата. На плоштадот Македонија на фонтаната од постаментот Воин на коњ надлежните за споменикот напишаа  –  „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ.“

 

Од Општина Прилеп рекоа дека ваква информативна табла деновиве ќе биде поставена и на споменикот на Александар Македонски во Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира