38.000 разговори и пораки за „Монструм“ ќе бидат презентирани – премиерот Заев ќе биде повикан како сведок

Facebook
Twitter
Email
Print

Околу 38.000 прислушувани разговори и СМС-пораки поврзани со случајот „Монструм“ од 5 септември ќе бидат презентирани во судница. На денешното судско рочиште за случајот со убиството на пет момчиња крај езерото Смилковци, беше договорено дека од 5 септември судот ќе започне со објавување на овие „бомби“.

 

Обвинителката Фатиме Фетаи денес потврди дека сите материјали доставени од страна на СДСМ до СЈО ќе бидат презентирани на суд, но обвинителството ќе ги презентира и разговорите испратени до неа лично.

 

Откако судијата Огнен Ставрев најави дека од наредното рочиште закажано за 5 септември ќе почне со презентирање на „бомбите“, еден од родителите на убиените момчиња побара појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на „заштитените мечки“, односно оние разговори кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство. Тогаш тој се повика и на ветувањето на премиерот Заев, дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви.

 

Обвинителката Фетаи на тоа додаде дека премиерот Зоран Заев ќе биде повикан на суд во својство на сведок.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи