Материјалната штета по повеќечасовното дивеење пожарот на Велешко Езеро е огромна, но уште поголема е штетата по животната средина. Експертите посочуваат дека последиците се големи и ќе треба да поминат многу години за боровата шума која пред 50 години доброволно ја засадија велешани повторно да се ревитализира.
Огнот избувна околу 11,40 на влезот во Велес од правец на Скопје, потоа се префрли кон Езеро Младост и автопатот Велес – Скопје, па се спушти до автопатот Скопје – Велес кај наплатна рампа Сопот. Изгорена е голема површина на борова шума од околу 200 хектари, а проценките се дека од огнената стихија биле зафатени вклупно околу 400 хектари шума и трева.
Во гаснење на пожарот беа вклучени противпожарни екипи од повеќе градови, но и голем број на доброволци. Учествуваа и два канадери и два хеликоптери на АРМ.
Според првичните информации на МВР, четири лица од градежна фирма од Велес, кои извршувале градежни работи со брусалица, се приведени во СВР Велес под сомнение дека го предизвикале пожарот.