Дескоска: Ако нема 2/3 мнозинство за Законот за ЈО, власта има план Б

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерката за правда Рената Дескоска најави дека ако власта не успее да обезбеди двотретинско мнозинство, ќе иницира измени на закон за совет за обвинители или други закони, кои се носат со 61 глас.

 

Според Декоска во законот за советот на обвинители можело да се вметнат одредби за избори и организација на новото обвинителство.

 

„Во случај да не се најде мнозинство за Законот за јавно обвинителство, сите предмети на Специјалното јавно обвинителство ќе ги преземе и ќе ги продолжи друго јавно обвинителство. Или, со измена на Законот за Совет на јавни обвинители, кој се носи со обично мнозинство, ќе се најде решение за функционирање на Специјалното обвинителство“, рече во Собранието министерката за правда Рената Дескоска.

 

Таа повтори дека ВМРО-ДПМНЕ опструира само за да ги спаси своите функционери од судските процеси.

 

„ВМРО-ДПМНЕ ретерира од решенија кои беа ставени во предлог текстор на нивно барање. Клучната разлика е во разрешницата на судските постапки на СЈО. На ВМРО-ДПМНЕ им е побитно да ги спасат обвинетите од СЈО отколку квалитетен закон. Се надевам дека кога ќе достават амандмани, 80 пратеници да смогнат сила да поддржат закон“, изјави Дерскоска.

 

Собранието претходно ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи