Жител на село Лажани се самоповредил додека го чистел пиштолот кој го поседувал со дозвола, по што бил пренесен во болница.
„На 25.09.2019 во 14.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Лажани, прилепско, М.А., додека го чистел пиштолот кој го поседувал со дозвола, испукал еден куршум и се повредил на левата рака“ стои во соопштение од МВР.
Тој бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.