Им се соопштува на граѓаните на општина Прилеп дека во перидот од 07.10.2019 до 31.10.2019 година, екипи на Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведуваат втората фаза од превентивната систематска дератизација.
Дератизацијата ќе се спроведува со користење на отровни мамци (родентициди), а предмет на третирање ќе биде подземниот канализацинонен систем на градот и градската депонија во месноста Алинци.
Со цел успешно спроведување на дератизацијата, како и да се избегнат евентуалните несакани последици, граѓаните треба да ги преземат следните мерки:
- Во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес.
- Строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци.
- Да се оневозможи контакт на домашните животни со родентицидните мамци.
Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки, ЦЈЗ – Прилеп се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.