Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, на својот Твитер профил напиша дека лидерите на ЕУ најмалку што може да направат е да бидат искрени со регионот и јасно да кажат ако повеќе не постои консензус за европската иднина за Западен Балкан.
„Најмалку што му должи Европска Унија на регионот е да биде директна со нас. Ако повеќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, ако не важи ветувањето од Самитот во Солун во 2003 година, граѓаните заслужуваат да знаат“, напиша Димитров.
Тој упати благодарност до европските лидери што се бореа ЕУ да отвори пристапни преговори со Македонија и истакна дека мора да продолжиме да ги браниме вистинските европски вредности дома.