Полицијата го пронашла 28-годишниот Овидио при рутински претрес на неговиот дом, кој заедно со неговиот брат Иван ја презеде контролата над картелот, откако нивниот татко Ел Чапо беше уапсен и екстрадиран во САД во 2017-та година.
Веста за апсењето на Овидио предизвика вистинска војна на улиците во градот Кулиакан. Членовите на Синалоа организирале голем напад за што е можно поскоро да го извлечат помладиот Гузман од затвор. Дошло до големи престрелки и судири со војската и полицијата, при што има голем број на жртви и повредени, а запалени се и голем број на автомобили, како и една бензинска пумпа.
Министерот за безбедност Алфонсо Дуразо објасни дека безбедносните сили биле совладани од страна на картелот, па со цел да ги заштитат нивните животи и да се избегне понатамошното насилство одлучиле да се повлечат од градот и да го ослободат Овидио Гузман Лопез.