ВИДЕО – Завршија градежните работи на ИКТ центарот во Прилеп

Завршија градежните работи на првиот во Македонија „Центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата“ кој се гради веднаш до касарната во Прилеп. Досегашната инвестиција чини 3,4 милиони евра, а вкупно за реализација на целиот проект ќе бидат инвестирани околу 11 милиони евра, пари обезбедени од ЕУ, преку ИПА програмата. Од МВР велат дека со објектот се овозможува функционирање на виталните информациски системи на сите институции во случај на било каква непогода.

 

 

Во случај на катастрофи, природни или предизвикани од човечки фактор ќе може тука да се зачувуваат податоците и целосно системот да функционира без никакви дополнителни проблеми. Следуваат уште 2 други фази, а тоа е фазата на имплементација на проектот преку инсталирање на целосната информатичка опрема и на крај обуката на вработените и започнувањето со работа“, истакна Оливер Спасовски, Министер за внатрешни.

 

Претходно Општина Прилеп го ослободи МВР од плаќање на комуналии за изградба на ИКТ центарот. Се очекува објектот да започне со работа некаде во јуни 2020 година.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи