ВИДЕО – Заев : Ќе се ревидира Законот за јазици, ќе го почитуваме мислењето на Венецијанската комисија

Нашата намера е да ја испочитуваме одлуката на Венецијанската Комисија. Законот за јазиици и самата Венецијанска комисија го кажува како авангарден, дури дека ги поминува и одредените европски конвенции во делот на правата на употребата на јазиците, но но уште во тој момент, уште кога дебатиравме за законот, после една година дебата во самиот Парламент, после неговото донесување рековме дека ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме. Ова денеска во Прилеп го изјави премиерот Зоран Заев откако Венецијанска комисија препорача да се преиспита законот за јазиците и напуштање на одредбите за двојазичност во судските постапки.

 

 

„Венецијанската комисија е навистина добар репер, укажувајќи ни на сите законски решенија, пред се во областа на правото, но и овде во ова законско решение каде тоа можеме да нарушиме други права и предности. Многу е прецизна во делот на правосудството, вели добро е што се поминуваат дури и границите на европската употреба на јазиците, но сепак нарушувате одредено право, а тоа е правото на еднаква правда, навремена правда и спречувањето на правдата, тоа е врвно човеково право и се однесува буквално на сите. Укажувањата овде се многу прецизни и затоа јас верувам дека парламентарното мнозинство тоа до крај ќе го испочитува. СДСМ тоа сигурноќе го почитува, верувам и во нашите коалициони партнери, затоа што разговаравме за таа работа, никој не сака да изгуби предмет на суд, или да биде неправично осуден или самата пресуда да не стигне или да не се утврди криминал, или било каква друга граѓанска постапка, заради тоа што одредено друго право било надминато повеќе од црвените линии, па правото на правда било нарушено, тоа не смееме да го дозволиме“, истакна Заев.

 

Според премиерот ќе се адаптирале сите укажувања на Венецијанската Комисија, а Министерството за правда ќе ги подготвело сиите потребни измени.

 

„Министерството за правда ќе ги подготви вака измените, уште еднаш ќе ги испратиме да кажат дали е тоа, тоа, за да може навистина соработката да ја потврдиме, за да може Парламентот да констатира и да може и до крај самиот закон. Гледате дека има свој осврт и на казните, ние не можеме да се испретераме дел во казните, кога и институциите не се воспоставени за самата контрола. Така да верувам дека транспарентноста е здрава за сите, отвореноста е здрава за сите, дури и ваквите авангардни решенија секогаш носат право, носат квалитет на живот повеќе за сите во нашата мултиетничка земја, но дефинитивно сакаме да бидеме европска земја и Венецијанската комисија треба да ја почитуваме. Ќе се даде конкретно ревидирање од соодветното надлежно министерство, Министерството за правда, со експертите со кои што работат заедно, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го укажува и ќе се пушти во Парламентот за негово донесување. Заедно учествувавме сите, и Министерството за правда, и потпретседателот на Владата за европски прашања, мојот кабинет учествуваше, други ресори учествуваа во делот на нашите мислења, комуникацијата, одржавме неколку состаноци, на кои пред недела две беше и генералниот секретар на Венецијанската комисија овде во посета, кој зборуваше со сите нас институциите  на државата, така сме усогласени и уште еднаш да напоменам, СДСМ е авангардата на донесувањето на овој закон, заедно секако со коалициониот партнер ДУИ, но дадоа поддршка и другите албански политички партии и други партии од помалите етнички заедници, затоа што тоа е придобивка за сите. Се работи за Закон за употреба на јазиците, онака како што Уставот тоа го предвидува, да биде навистина дефинитивно некое право да им биде овозможено на граѓаните, кое што треба да го има во земја како нашата“, додаде Заев.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи