ВИДЕО – Петкоски : Eдни исти лица во Општина Прилеп се вработуваат по два пати

Башибозукот наречен СДСМ прави хаос во администрацијата и вработува што ќе стигне и каде ќе стигне. Исплашени од изборниот пораз кој за нив е повеќе од извесен, сега лица кои веќе еднаш беа вработени се вработуваат на нови подобри работни места. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ова што денеска ќе го презентираме пред јавноста е доказ за ароганцијата и недопирливоста на власта на СДСМ за која зборуваме веќе долг временски период.

 

Крсте Дуковски кој беше вработен како личен шофер на градоначалникот Илија Јованоски, сега е поставен на работно место Помлад референт за персонална евиденција во одделението за управување со човечки ресурси на Општина Прилеп.

 

Викторија Јовчески, која беше вработена во Министерството за транспорт и врски, сега е вработена на работното место помошник раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

 

Зоран Милошески кој беше вработен во Пи-Ар тимот на општината, сега ќе работи како самостоен референт за заштита и спасување во одделението за јавни дејности.

 

Ова е лицемерието на СДСМ и нивните кадри на власт. Пред да седнат во кожените фотељи зборуваа за намалување на администрацијата, а сега едни исти лица ги вработуваат по два пати.

 

Толку и од нивниот чесен пристап пред сопственото членство и пред младите во Прилеп. Затоа младите масовно се иселуваат, затоа нема нови инвестиции во Прилеп, а за сметка на тоа цвета непотизмот и корупцијата. 

 

Ова е срамот на Македонија, кој за среќа на 12-ти април идната година заминува и никогаш повеќе нема да се повтори“, додаде Петкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира