Вчера во 09,15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Ресен – Охрид, А.А. (30) од Прилеп, управувајќи патничко возило „рено меган“, со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.А., а со телесни повреди се здобила сопатничката Е.С.(19) од с.Ропотово, прилепско, по што биле пренесени во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.