По повод Бадник денеска во Прилеп по 6-ти пат се одржа Бадниковата поворка. Дечињата носејќи ја макетата на пештерата во која се родил Исус Христос тргнаа од црквата „Свети Кирил и Методиј“ или кај народот позната како Параклис и пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ се прошетаа низ чаршијата и прилепските улици.
Еве дел од атмосферата како изгледаше поворката и дел изјавите на учесниците.