Директорката на клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска е четвртиот случај со корона вирус во земјава која денеска е сместена на инфективната клиника. Таа пред една недела се вратила од Италија и наместо да ги почитува препораките за самоизолација, таа 5 дена одела на работа, соопшти на денешната на вонредна прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Заради можното ширење на кожно се прави проценка на ризик за целосно да биде затворено, сите пациенти ќе бидат пратени на домашна изолација, а се вршат и целосни истраги со сите кои ги навела дека била во контакт на работа од медицинскиот персонал и дома за да се стават во домашна само изолација и следење од епидемиолози.
Министерот Филипче видно разочаран од постапките на докторката повторно истакна дека мора да се почитуваат препораките кои важат за сите кои доаѓаат од земји од каде ризикот за пренесување на корона вирусот е голем.