Врз основа на Закон за локална самоуправа Член 22 став 1 точка 9 и Член 14 Став 1 точка 9 и Член 26 Став 1 точка 11 од Статут на општина Прилеп а во врска со препораките на Министерството за здравство, по основ на преземање дополнителни локални мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19(корона вирус), Советот на општина Прилеп на седницата одржана на ден 12.03.2020 ја донесе следната:
Предлог – О Д Л У К А
ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МЕРКИ И ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПАНДЕМИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД COVID-19 (КОРОНА ВИРУС) НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП
Член 1
Се прифаќаат сите препораки, укажувања и мерки од страна на Министерството за здравство по основ на превенција од COVID-19(Корона вирус) за заштита од пандемија на населението на територија на општина Прилеп.
Член 2
Се носат следните локални мерки и препораки за заштита од пандемија на населението COVID-19(Корона вирус) на територија на општина Прилеп:
- Времено се затвораат приемното одделение и одделението за администрирање на даноци при ЕЛС Општина Прилеп, за прием и услуги на странки. Своите потреби, информации и прашања граѓаните ќе можат да ги реализираат на следните начини:
- – Со јавување директно во приемното одделение +389/48-401720 и одделението за администратирање на даноци +389/048-540-001, +389/048-540-002 и +389/048-540-003, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 часот;
- – Преку праќање на е-маил на следната електронска пошта: prilep@prilep.gov.mk
- – Преку официјалната веб страна на ЕЛС Општина Прилеп – www.prilep.gov.mk
Службите на ЕЛС Општина Прилеп се ставени во функција да им излезат во пресрет на сите граѓани, да ги информираат за начинот на достава, начинот на поднесување на барања и слични документи преку горенаведените начини за комуникација.
- Да се изврши дезинфекција на автобусите од јавниот градски превоз. Во зависност од потребата, дезинфекцијата да се врши повеќекратно во текот на денот.
- Да се редуцира јавниот градски превоз и да се користи само во итни и неодложни случаи.
- Да се изврши дезинфекција на градинките, основните и средните училишта, како и дневните центри согласно препораките од Министерство за здравство и Министерство за образование и наука.
- Се забранува организирање на локални настани, јавни собири, културни манифестации, промоции, панаѓури, саеми, спортски настани и слично на локално ниво, се’ до моментот на изрекување на нови мерки и препораки од страна на Министерство за здравство.
- Согласно препораките на Министерство за здравство, барањата за активниот јавен повик за субвенционирање на инвертор клима уреди и велосипеди, во овој временски период се доставува исклучиво по пошта со назнака „ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИНВЕРТОР КЛИМА УРЕД” / „ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ”. Секое пратено барање по пошта службата за архивирање при ЕЛС Општина Прилеп се обврзува да го архивира по редослед како што е добиено од службите на Македонска Пошта, заклучно со денот на испраќање. Граѓаните кои го искористиле јавниот повик и испратиле барања по пошта, со јавување на телефонскиот број +389/048-401-720 или по пат на испраќање електронска пошта на официјалната е-маил адресата на Општина Прилеп – prilep@prilep.gov.mk ќе можат да се информираат за архивскиот број на барањето секој работен ден од 8-16 часот. Оваа мерка стапува на сила на ден 12.03.2020 и ќе трае се’ до добивање на понатамошни инструкции и препораки од Министерство за здравство.
Член 3
Поради итност, Одлуката стапува на сила веднаш.