ВИДЕО – МПС се жали дека полицијата работи скоро без никаква заштита – денеска ја добија првата донација маски од „Кули“

 

Македонскиот полициски синдикат денеска ја доби првата колична од околу 400 заштитни маски кои се донација од прилепската компанија „Кули“ и кои уште денеска ќе бидат поделени на припадниците на МВР во Дебар. Во наредните денови оваа компанија треба бесплатно да изработи 15.000 маски кои МПС потоа ќе ги достави за потребите на МВР. Од Синдикатот обвинија дека припадниците на полицијата во овој момент на пандемија на корона вирусот работат скоро без никаква заштита. Обвинија и тоа дека иако барале средба за овие проблеми во МВР, таа не се остварила.

 

 

„На терен ситуацијата е алармантна, колегите немаат ниту миинимум средства за заштита, потрадии тоа ние се вклучивме како Синдикат во рамките на нашите можности да им помогнеме на колегите на терен да им помогнеме. Некаде досега МВР има поделена само околу 4 до 5.000 маски. Останатите кој како ќе се снајде, нешто ние како Синдикат дониравме пред неколку дена, дел од колегите сами си купуваат. На една полициска станица се доделува по едно литро алкохол, што е ништо, а во некои полициски станици воопшто нема ниту однесено“, рече Марјан Кицев, претседател на Македонскиот полициски синдикат.

 

Лидерот на опозицијата пак Христијан Мицкоски вчера изјави дека иако министерот Чулев барал санитетски материјали од Владата, тие му одговориле дека веќе му биле доделени 4.000 маски, што според Мицкоски тие маски не се доволни ниту за 24 часа, бидејќи полицијата држи под надзор и секој ден посетува над 2.500 луѓе во самоизолација.

 

Инаку платното за изработка на маските кои денеска ги доби Македонскиот полициски синдикат, го донирала конфекцијата „ЕАМ“ од Штип. Тие може да се перат и се за повеќекратна употреба.

 

„Засега изработувавме маски за лекарите преку Кризниот штаб во Прилеп, а за Македонскиот полициски синдикат еве сега изработуваме дополнителни уште околу 15.000 маски. За лекарите се надеваме дека таа бројка ќе биде многу повисока. Како што се изработуваат маските секој ден се доставуваат за потребите на институциите“, истакна Александар Мариновски, сопственик на конфекција „Кули“

 

И медицинските лица и припаднците на македонскиот полициски синдикат се надеваат дека и други компании ќе го следат овој пример за донации на потребните заштитни материјали.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи