Заев удри по примањата на работниците, за да ја сокрие неспособноста и криминалните тендери. Денес Заев промовираше мерки кои се за колапс на стопанството и со чие кратење на плати најмногу ќе се удри и ќе се одрази кај оние со пониски примања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во ист кош ги нареди министрите, директорите и функционерите со работниците со пониски примања на кои сега им вели дека ќе земат иста плата иако претходно имале различни приходи. И додека крати плати на работници не заборави владата да донесе уредба со која ќе може да врват тендери и трошења на пари за да им се полнат џебовите на функционерите на власт. Притоа не скрати ништо ниту од привремените вработувања и илјадниците партиски војници на СДСМ кои земаат пари, не создаваат вредност, а седат дома, истите оние илјадници кои предизборно ги трупаа во локалната, државната администрација и јавните претпријатија. Станува збор за сума која што е далеку поголема од оние 5,7€ кои ги предвиде владата“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека помошта која ја нуди на компаниите е слаба и далеку од потребниот стимул.
„Практично Заев призна неспособност и ги осуди на банкрот. Воедно крајно дискутабилно што народниот буџет се крои во штабот на политичка партија, и тоа што е спорно својството во кое Заев излегува да промовира владини мерки. Овие мерки за колапс ќе бидат делумна и недоволна помош, со паѓање на најголем товар на оние кои заработува помалку“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.