Во Крушево има 10 лица во самоизолација вратени од странство

 

 

Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ соопшти дека има 10 лица кои се во самоизолација, вратени од странство.

 

„Мерките од Владата и Министерството за здравство главно се почитуваат. Нема лица со решенија во карантин. Има 10 луѓе со изјава кои се во самоизолација, бидејќи патувале во странство. Во соработка со МВР како туристичко место, им укажавме на граѓаните и на туристите дека не смеат да се собираат за време на пандемијата“, изјави Христовски.

 

Во Крушево затворени се сите објекти кои овоможуваат поголема фреквенција на народ, а формирани се и тимови од млади волонтери кои им помагаат на старите лица во општината.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи