Прилепчани очекуваат резултати од 24 брисеви кои треба да покажат дали ќе има нови случаи на заболени со Ковид 19

Од Центарот за јавно здравје од Прилеп до Институтот за јавно здравје во Скопје се испратени 24 брисеви за кои што се чека резултат дали ќе има нови случаи на корона вирус во Прилеп.

 

Досега бројот на заболени лица во градот под Марковите Кули е 8. До вчера на ниво на територијата на СВР Битола има нови 68 решенија за изолација од кои 63 во Прилеп, додека пак во самоизолација има нови 44 решенија, од кои 42 се во Прилеп. До овој момент бројот на лица во самоизолација во Прилеп е 238.

 

Од СВР Битола денеска треба да соопштат дали овие бројки остануваат или ќе има зголемување.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи