Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар за литар и ќе изнесува 48,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе поевтини за 1,5 денар на изнесува 50,5 денари за литар.
Цените на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари на 46 и 35 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 денари и ќе изнесува 18,891 денари за килограм.