Во очи на големиот празник 11 октомври, ред е да оддадеме почит на сите оние кои со својот живот и со лична жртва имаат обезбедено денес да живееме во независна држава. Треба да продолжиме со почитување на традицијата, со празнување и означување на сите кои дале лични жртви за оваа слободна Македонија, изјави поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски, при денешната посета на Прилеп.
Изјавата ја пренесуваме во целост.