Од утре започнува скринингот за вработените во градинките во Прилеп, Крушево, М. Брод и Кривогаштани

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека од утре, четврток 28 мај, започнува таргетираниот скрининг за вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски брод и Кривогаштани.

 

Тестирањето се спроведува со посебен протокол, а земањето на материјалите ќе се организира по теренски принцип, односно со земање на терен во објектите на градинките, согласно нивниот план и во договор со установите. Закажувањето е преку системот „Мој термин“.

 

Тестирањето ќе трае два дена, четврток и петок, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките.

 

Земените материјали се доставуваат до вирусолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје, со цел паралелно на овој процес да се изготви протокол за работа на градинките и тие да се стават во функција.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи