Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 нови случаи на коронавирус, а двајца новозаболени се регистрирани и во населеното место Црнилиште, општина Долнени.
Бројот на активни случаи изнесува 33, од кои 25 се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус, а на едно лице сомнително на КОВИД-19 му е земен брис и се чекаат резултати. Од заразната болест оздравело едно лице.
Вкупниот број на инфицирани со коронавирус од почетокот на пандемијата изнесува 257.
Во самоизолација се наоѓаат 75 лица.