ВИДЕО – Ѓорѓиоски: Со „Мој ДДВ“ вративме 10,7 милиони евра кај граѓаните, го зголемуваме повратот на 800 денари месечно

Со концептот за враќање на парите кај граѓаните, ја покажавме нашата одлучност да го подобриме животниот стандард на секој поединец. Преку проектот „Мој ДДВ“, за само 9 месеци вративме 10,7 милиони евра во рацете на граѓаните и ја подобривме наплатата на ДДВ во буџетот. Со оваа мерка, државата за прв пат враќа пари директно на сметките на граѓаните, а апликацијата ја употребуваат над 300.000 корисници, ова денеска на прес конференција го истакна Александар Ѓорѓиоски, кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во следниот четиригодишен мандат предвидуваме враќање на уште повеќе пари кај граѓаните и компаниите. Лимитот за повратот на ДДВ кон граѓаните, го зголемуваме од 600 на 800 денари месечно. Тоа се 2,400 денари за секое тромесечие, односно 9.600 денари годишно повеќе пари во семејниот буџет за секој поединец.

 

Истовремено, продолжуваме со навремен, редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите.

 

Мерката „Мој ДДВ“, дава одлични резултати и во справувањето со сивата економија, затоа што граѓаните си ја бараат својата фискална сметка при секоја набавка. Додека СДСМ е насочена кон враќање на што повеќе пари назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди обнова на режимот кој ги крадеше парите на граѓаните.

 

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против проектот „Мој ДДВ“, против тоа над 10 милиони евра да се вратат во семејните буџети на граѓаните.

 

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, затоа беа против „Мој ДДВ“, против повисоки плати и пензиии. Нивните антинародни политики, ќе бидат казнети на 15 јули.

 

На 15 јули граѓаните одбираатповисок животен стандард, повеќе пари во нивните семејни буџети, повисоки плати, нови работни места и сигурна иднина за идните поколенија. На 15 јули продолжува правиот пат по кој се движиме, а заедно со граѓаните можеме уште повеќе и подобро“, рече Ѓорѓиоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи