Филипче: Подготовка во 16 болници за есенскиот бран од Ковид-19

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Планот за надградба на капацитетите на 16-те болници во државава за есенските месеци во борбата против ковид-19 пандемијата е подготвен.

 

„Секоја болница ќе добие монтажна амбуланта и мини одделение, каде ќе бидат сместени пациентите заболени со ковид-19, со цел целосно физички да бидат одделени од другите пациенти, што би овозможило нормално функционирање на болниците“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

 

Во рамки на подготовките, Филипче најави и надградување на лабораториите во сите градови за брзи тестови, како и зајакнување на медицинскиот персонал со млади лекари.

 

„Се надевам дека нема да има нов бран, но ние мора да се подготвуваме, во таа насока е и надградувањето на лабораториските капацитети во секој град за брз PSR тест и во текот на вчерашниот ден имавме состанок со младите лекари коишто добија лиценца за работа минатата недела. Тие треба да почнат со работа, согласно измената на Законот да добијат платено загарантирано работно место, дел од нив веќе покажаа интерес да бидат дел од тимовите во инфективните одделенија и клиники и паралелно на сето тоа почнуваме и процес на обезбедување финансии за нивно трајно вработување. Ова е план кој означува зајакнување и на инфраструктурата, и на медицинската опрема, како и на лабораториите и на кадарот“, истакна Филипче.

 

На почетокот на август ќе започне да се подготвува ГОБ „8-ми Септември“ со цел постепено да се враќа и другата патологија што вообичаено се третира во оваа болница, како би се избегнале долгите листи на чекање во моментот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи