Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, петок 31 јули:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а 5 лица оздравеле од заразната болест. Еден нов случај на Ковид-19 е регистриран во општина Долнени.
- Бројот на активни случаи изнесува 53, од кои 37 се наоѓаат на домашно, а 16 на болничко лекување.
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 66 лица.