Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека до одредени граѓани и правни лица се шират лажни покани за истрага во име на МВР.
Информираат дека зад поканите стои измамник кој лажно се претставувал во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска.
„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Ги известуваме граѓаните дека Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираме до граѓаните воопшто да не ги отворат овие електронски пораки#, стои во соопштението од МВР.
Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами.