Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 5 август:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 3 нови случаи на коронавирус, а 8 лица оздравеле од заразната болест.
- Бројот на активни случаи изнесува 46, од кои 32 се наоѓаат на домашно, а 14 на болничко лекување.
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 45 лица.
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 336.