ВИДЕО – Петкоски: Мостот кој Јованоски го гради 2 години, а никако да започне градбата, вчера ќе поплавеше цела населба

Во изминативо период во повеќе наврати алармиравме за изградбата на овој мост тука во населбата Сточен Пазар, а власта на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски ги игнорираше сите предупредувања. Мостот кој се гради веќе втора година, а неговата изградба никако не започнува, вчера дури стана потенцијална опасност за целата населба и ќе беше причина за поплавување на куќите во оваа населба и големи штети на граѓаните. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„За цело време додека ВМРО-ДПМНЕ апелираше, Јованоски и Општината овде изигруваа големи градежници и ветуваа најголем и најубав мост.

 

Во мај месец градоначалникот пред вас медиумите истакна декка изградбата ќе заврши за 4-5 месеци, а денеска гледаме дека работите воопшто не се тргнати од мртва точка.

 

Наместо нов мост сега Општината ја забрани за сообраќаај оваа улица во траење од 60 дена, што ќе биде дополнителен проблем за одвивање на товарниот сообраќај во Прилеп.

 

Потсетуваме дека првичниот договор за изградба на овој мост чинеше 500.000 евра, а пред неколку месеци градоначалникот потпиша и анекс на договорот за дополнителни 14 милиони денари.

 

До каде ќе оди забеганоста во трошење на народните пари на оваа ненародна власт? Ќе достигне ли ова мовче сума од 1 милион евра како и четирите автобуси болиди?

 

Сите овие случувања не’ наведуваат нас и граѓаните да мислиме дека единствената и главна цел за изградбата на овој мост е само перење на пари и ништо повеќе од тоа.

 

Оваа власт и овие луѓе на СДСМ не можат ни повеќе, ни подобро! Јованоски, Талески, Сугарески и сите нивни послушници не донесоа подобар живот во Прилеп и не го водат градот на прав пат. Нивното владеење се сведува на пустош и залудно трошење на народните пари. Кога тогаш ќе следува одговорност, а вистината за милионските расфрлања ќе излезе на виделина“, додаде Петкоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи