Еден од централните градски паркови во Прилеп, паркот во Врбејско маало, наместо гордост на градот и катче за одмор со месеци наликува на изорана нива, а уште потрагично е тоа што во паркот несовесни граѓани започнале да си фрлаат ѓубре и сега целиот простор наликува и на депонија.
ЈКП „Комуналец“ уште пред повеќе месеци објави дека во Врбејско маало се поставува инсталација за техничка вода и инсталација за осветлување на паркот. Тогаш најавија дека ќе се гради урбан и модерен парк, но и после толку време сликата во паркот е како од хорор филм.
Ветувањата, барем засега, некако потешко се исполнуваат!
