Наместо 3.600 денари, референтната цена по која ќе им биде рефиндурано на болниците и лабораториите за ПЦР тест на Ковид-19 ќе биде 1.850 денари, пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.мк.
Од Фондот за здравство појаснуваат дека пониската референтна цена е поради смалените трошоци за медицински и друг потрошен материјал, како и големиот број на тестови.
Тестирањето на сите пациенти што се со индикација за ковид-19 во државните лаборатории и понатаму е бесплатно.
Од почетокот на епидемијата до сега, вкупно се направените 176 илјади ПЦР тестови, а повеќе од половината (55%) се направени на државно.
125