Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 28 септември:
Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 3 нови случаи на коронавирус, а 3 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 128, од кои 98 се наоѓаат на домашно, а 30 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 271 лице.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 669.