Жестоки борби во Нагорно Карабах – повторно се разгори конфликтот помеѓу Ерменија и Азербејџан

Facebook
Twitter
Email
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Територијалниот судир меѓу Ерменија и Азербејџан во регионот на Нагорно-Карабах, повторно се разгоре по подолг период. Најжестоките судири во регионот во последните четири години почнаа вчера и траат без прекин.

 

Двете земји прогласија воена состојба и спроведуваат општа мобилизација кај своето население.

 

Корените на конфликтот околу планинската област Нагорно Карабах датираат од 1923 година, кога советските комунистички власти ја даваат на Азербејџан, и покрај тоа што во тоа време во неа живеат 96 проценти Ерменци. Станува збор за територија од 11.000 квадратни километри каде живее 150.000 население.

 

По распаѓањето на СССР ерменското население на Нагорно Карабах сакаше да остане во татковината, што беше потврдено и на референдум. Азербејџан се обиде да ја укине автономијата и регионот целосно да го стави под контрола, при што избувна војна која траеше од 1988 до 1994 година. 30 000 луѓе беа убиени во судирот, а над 1 милион луѓе беа присилно раселени.

 

Москва, Вашингтон и Брисел бараат итно да се стави крај на конфликтот. Според нив, најважно е да се остави оружјето за двете страни да се вратат на преговори и да се бараат дипломатски и политички решенија во рамките на Групата од Минск, ОБСЕ и ОН, со мировно посредништво на Европската Унија и Русија.

 

И двете страни во конфликтот ја користат целата моќ на нивните армии. Конечниот број на жртви од двете страни сè уште не е утврден.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи