Царовска : За децата кои немаат ИТ-уреди ќе има алтернатива за следење на наставата

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


260 илјади ученици и околу 25 илјади наставници од основните и средните училишта во земјава ќе ја користат националната платформа за онлајн учење од утре, 1 октомври, кога е и официјалниот старт на училишната година. Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција истакна дека речиси се е подготвено за почеток на новата учебна година која ќе започне утре, иако очекува да се надминуваат предизвиците во текот на целата година, но тоа дека ќе го сторат сите заедно.

 

„Она што го утврдивме на самиот почеток и на самиот план, децата ќе имаат можност во даден распоред на три канали на МТВ да следат на својот јазик 15 минутни часови од прво до деветто одделение и тоа е важен инструмент кој се користи и во другите држави за децата кои немаат пристап. Секако и училиштата ќе треба да принтаат и материјали кои што ќе бидат доставувани до родителите за да може децата да извршуваат домашните задачи и да добиваат инструкција за работа во домашни услови. За децата кои немаат ИТ-уреди во домашни услови, а според МОН се работи за околу 40 илјади ученици, ќе има алтернатива за следење на наставата. Според владиниот план, за нив ќе се организира настава со физичко присуство во училиште, доколку тоа има дозвола, но и со согласност од родителите/старателите. Ако нема согласност од нив, ќе бидат обезбедени печатени материјали кои наставниците ќе им ги достават на родителите. За овие деца ќе се емитуваат и видеа од наставен час на Македонската радио-телевизија. И таму ќе има часови од утре согласно распоредите на училиштата и одделенијата“, рече министерката Царовска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи