Триесет и пет годишниот Р.Б. од прилепското село Дреновци вчера околу 7.30 часот загинал кога тракторот кој го управувал, марка ФИАТ, се превртел и тој завршил под него, при што починал на лице место.
Според првичните информации до несреќата дошло кога браќата Р.Б. и П.Б со тракторот се спуштале на стрмно место викано „Споменик“. Во еден момент тракторот се превртел при што Р.Б. се нашол под тракторот и починал на лице место, додека неговиот брат П.Б. се здобил со тешки телесни повреди и скршеници на ногата.
Веднаш на лице место е извршен увид од страна на припадници на ПС Прилеп, а известен бил и јавен обвинител кој наредил да се изврши обдукција врз телото на починатиот.