Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија се регистрирани 737 прекршоци на мерката за носење лична заштита на лице.
Изминатиот месец регистрирани се досега најголем број прекршоци за неносење заштитна маска на лицето. Во октомври изречени се 23.981 казни по овој основ, покажуваат податоците на МВР.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.