Со зголемувањето на бројот на кревети, како и на персонал од инфективното одделение очекуваат дека ќе се реласира нивната работа, но порачуваат дека не секој што е позитивен ќе се хоспитализира, туку само оние за кои ќе се оцени од страна на матичните лекари во консултација со инфектолозите дека се критични случаи. Исто така акко има еден позитивен во фамилијата, нема сите да бидат тестирани, туку само ризичните категории, за да не се преотоварува системот. За брзо време се очекува да започне и поврзување на одделението со централниот систем за кислород.
„Помош од матичните, помош од сите доктори во болницата, централен довод на кислород, повеќе кревети, мислам една поголема релаксираност на граѓаните. Но што значи тоа, нема да биде секој позитивен хоспитализиран, туку само по строга индикација. Нема секој пациент потреба да дојде и да чека, да прави гужва пред инфективно одделение, само ќе дојде ако матичниот лекар го прегледа и процени дека тој треба да дојде на инфективно, према нашите дадени протоколи. Од оние гужви кои чекаат кај нас во моментот, 40, верувајте 20-тина можат да бидат обработени од страна на матичните лекари, да им дадат простор на оној што стварно му треба помош од страна на инфектолог и да биде хоспитализиран.
Не значи дека ако некој во фамилијата е позитивен, дека сите треба да бидат тестирани. Тоа ние ќе го покажиме со матичните и сите, да биде тестиран тој што е критичен, со кардиоваскуларни заболувања, со хоб, со астма, со некој тешка болест. Значи еден дома позитивен, веројатноста е и дека сите се позитивни, но не мора да бидат сите тестирани. Да биде првично тестиран оној кој спаѓа во онаа ризична група“, рече Мирјана Крстеска, началник на инфективно одделение.