Делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, на Советот на општина Прилеп, Армијата на Република Северна Македонија, Сојузот на борци и политички партии, положија свежо цвеќе пред споменикот кај месноста „Песјобрдце“, спомениците на Методија Андонов – Ченто и Кузман Јосифоски – Питу, како и на Могила на непобедените, со што беше одбележан Денот на ослободувањето на Прилеп, 3 Ноември.
За својата слобода Прилеп плати висока цена, искажана со учеството на над 8.000 активисти, 2.700 вооружени борци и со животите на 650 свои граѓани и 15 народни херои.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/kreas2020d.gif)