Поради ковид-19 Општина Прилеп ги затвора одделенијата за работа со странки

 

 

Заради влошувањето на состојбата со вирусот Ковид-19 во општината, а во насока на зачувување на здравјето на граѓаните и своите вработени, Општина Прилеп започна да работи со редуциран капацитет.

 

Имено, приемното одделение и одделението за администрирање на даноци при ЕЛС Општина Прилеп, ќе бидат времено затворени за работа со странки.

 

Граѓаните ќе можат да ги доставуваат своите барања за документи и други услуги поврзани со општинските одделенија, преку пошта на адресата на Општина Прилеп, ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1 Прилеп и преку преку праќање на е-маил на следната електронска пошта: prilep@prilep.gov.mk

 

За сите наредни измени во работата и функционирањето на службите во рамки на Општина Прилеп, граѓаните ќе бидат навремено информирани.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци