Не престанува безмислосната кражба на дрва на планинскиот премин Дервен преку кој поминува стариот пат Прилеп-Велес. Видеово е снимено попладнево. Како што може да се забележи дрвокрадците се организирани со специјални возила направени за товар и пренос на дрвата, а дел од нив користат и коњи. И денеска таму полиција немаше, можеби дека викенд, па одмараат.
Во последно време МВР скоро секој ден се фали со изречени казни за сообраќајни прекршоци и за неносење на маски, а скоро и да нема извештаи за казни за дрвокрадците. Па еве еден предлог полицијата освен во центарот на Прилеп нека прошета малку и на кај вештачкото езеро да види што се случува.
24/7 со децении наназад од тука дневно поминуваат по 20-тина и повеќе вакви возила со украдени дрва и никој ништо не им може.
Иако пред неколку недели се случи инцидент во општина Велес помеѓу шуската полиција и дрвокрадците од Прилеп тоа не беше пречка дрвната мафија да си го продолжи бизнисот.
Исечена е скоро целата планина и од прилепската страна и од страната од Велес, а ниту една власт досега не превзела ништо да се стопира овој криминал.