Адвокатот Киро Северкоски поставен за Државен правобранител во Прилеп

 

Киро Северкоски, адвокат со над 30 годишно искуство е поставен за државен правобранител за подрачјето на Прилеп.

 

Имено, Северкоски е еден од 19-те нови државни правобранители, кои Владата ги постави на вчерашната седница по предлог на Комисијата за проширување.

 

Покрај Северкоски, функцијата на Државен правобранител во Прилеп ја обавува и Валентина Јорданоска, поставена во 2011 година. Инаку функцијата на Државен правобранител е трајна, без временски ограничувања на мандатот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира