Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека треба да се направи дополнување на еден член од Законот за работни односи со што недела ќе се прогласи за неработен ден за сите, а оние кои ќе работат да земаат 50% поголема дневница. Се друго според КСС би било неприфатливо.
„КСС стои на ставот дека сегашното Законско решение само треба да се дополни и тоа: – Во членот 134 став 2 да стои: Ден за неделен одмор е недела. Секоја работа во недела се пресметува како прекувремена работа и се исплаќа дневница зголемена за 50%. Во членот 134 да се додаде став 3: Неделното работно време не смее да се продолжува во недела и важи од понеделник до сабота“, наведуваат од ККС во соопштение испратено до медиумите.
Според КСС со ваква измена во членот 134 се заштитува работникот и останато ќе биде само чист популизам.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)