Утре во Прилеп, Министерот за земјодество, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, ќе оствари средба со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари.
Од кабинетот на Министерот јавија дека средбата ќе се оддржи во 12 часот во зградата на општина Прилеп.
Средбата доаѓа откако тутунарите во Прилеп протестираат веќе 2 дена и се жалат дека откупната цена на килограм тутун се движи од 100 до 120 денари за килограм.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)