Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие низ земјава се казнети 561 лице кои немале заштитна маска ставена преку устата и носот.
Министерството соопштува дека станува збор за казнети лица поради непочитување на здравствените мерки и протоколи за заштита на населението од ширење на заразната болест предизвикана од коронавирусот.
Воедно, МВР апелира да се почитуваат сите здравствени протоколи како и мерките донесени од Владата.